Најава – Соработка со ITCrowd
Како официјален партнер и претставник на PECB (Professional Evaluation and Certification Board) во Северна Македонија, со задоволство ја објавуваме соработката со ITCrowd – динамичен работен хаб сместен во срцето на центарот на Битола.
ITC просторитте се внимателно дизајнирани да инспирираат продуктивност, да поттикнат соработка и да поддржи професионален развој во пријатна и модерна средина. Преку ова партнерство, Anevski Partners сега може да понуди комплетно решение за сите учесници на обуки на кои им е потребен посветен личен простор и не можат да учат од дома или претпочитаат поинаква работна атмосфера во професионална средина.
Дополнително, ITC располага со современи сали за обуки и конференции опремени со напредна технологија, што овозможува висококвалитетни обуки во живо, како и полагање на официјалните PECB испити директно во центарот на Битола.
Ова партнерство претставува значаен чекор напред во обезбедувањето пристапност за сите заинтересирани лица, без разлика на нивните лични околности. Без разлика дали преферирате фокусиран индивидуален работен простор или целосно опремена професионална средина за обука, сега можете да добиете врвна PECB обука и сертификација под оптимални услови.
Слободно посетете itcrowd.mk, дел од Nexrow.


Втора најава: Календар за обуки
Со задоволство споделуваме дека во наредниот период ќе бидат објавени најмалку 10 јавни обуки на најбараните теми од областа на ISO системи за управување, информациска безбедност, управување со ризици, заштита на податоци, LEAN, Six Sigma Greenbelt и Blackbelt, и други актуелни теми,.
Овие обуки се наменети за:
- Студенти и дипломирани лица
- Почетници кои ја започнуваат својата професионална кариера
- Искусни професионалци кои сакаат да ги надградат своите знаења и вештини
- Компании кои сакаат да ги сертифицираат своите вработени и успешно да имплементираат меѓународни стандарди
Сите обуки ќе бидат реализирани од компетентни, PECB-сертифицирани предавачи, онлајн преку платформа со можност за учење со сопствено темпо, и ќе резултираат со меѓународно признати PECB сертификати.
- Без компромиси во квалитетот!
- Посветени сме на одржување на највисоки стандарди за квалитет во секој сегмент – од содржината и реализацијата на обуките, до процесот на полагање и поддршката по завршување на обуката.

Останете во тек за официјалните датуми и деталните програми. Со нетрпение очекуваме да ве пречекаме во ITC во Битола или онлајн, во зависност од форматот на секој настан.