Почитувани клиенти, партнери и соработници,

Аневски Партнерс ве информира за една од тековно најактуелните теми во деловното работење – воведувањето на системот за е-фактура.

На 21.08.2026 година е поднесен Предлог-законот според кој се уредуваат правилата за електронски фактури.

ПРИЛОГ:

Според Член 22:

  • Од 01.10.2026 година субјектите кои вршат трансакции можат ДОБРОВОЛНО да се регистрираат на системот за е-фактура за издавање и прием на е-фактури.
  • Од денот на доброволната регистрација, субјектите се должни е-фактурите да ги издаваат исклучиво во структуриран електронски формат преку системот за е-фактура.
  • Од 01.04.2027 година обврска за издавање и прием на е-фактури преку системот за е-фактура имаат субјектите од член 16, став (1) точка 1 од истиот закон.

Овие промени ќе влијаат на начинот на издавање, прием и евидентирање на фактурите и бараат навремена подготовка.

Доколку сакате да разговараме за вашите конкретни потреби, можните решенија или натамошни информации, слободно контактирајте нè. Тука сме да ви помогнеме навремено и професионално да ги исполните новите барања.

Со почит,
Тимот на Аневски Партнерс

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *