Е-фактура – кога и како започнува: информации за клиенти и партнери
Почитувани клиенти, партнери и соработници,
Аневски Партнерс ве информира за една од тековно најактуелните теми во деловното работење – воведувањето на системот за е-фактура.
На 21.08.2026 година е поднесен Предлог-законот според кој се уредуваат правилата за електронски фактури.
ПРИЛОГ:
Според Член 22:
- Од 01.10.2026 година субјектите кои вршат трансакции можат ДОБРОВОЛНО да се регистрираат на системот за е-фактура за издавање и прием на е-фактури.
- Од денот на доброволната регистрација, субјектите се должни е-фактурите да ги издаваат исклучиво во структуриран електронски формат преку системот за е-фактура.
- Од 01.04.2027 година обврска за издавање и прием на е-фактури преку системот за е-фактура имаат субјектите од член 16, став (1) точка 1 од истиот закон.
!*!*!*! НАПОМЕНА: Ова е предлог нацрт верзија која може да претрпи измени
Овие промени ќе влијаат на начинот на издавање, прием и евидентирање на фактурите и бараат навремена подготовка.
Аневски Партнерс активно ги следат сите новини поврзани со е-фактурата. Во соработка со нашите ИТ партнери нудиме повеќе решенија прилагодени според обемот на работа, комплексноста на процесите, специфичните потреби на вашата компанија и други релевантни фактори. Целта е да ви помогнеме непречено и ефикасно да се прилагодите – без разлика дали се одлучувате за доброволна регистрација од октомври 2026 или се подготвувате за задолжителната примена од април 2027.
Доколку сакате да разговараме за вашите конкретни потреби, можните решенија или натамошни информации, слободно контактирајте нè. Тука сме да ви помогнеме навремено и професионално да ги исполните новите барања.
Со почит,
Тимот на Аневски Партнерс