Аневски Партнерс – експертиза во буџетско сметководство
Што е сметководство на буџети?
Сметководството на буџетите и буџетските корисници е посебен систем на водење сметководство кој се применува во јавниот сектор. Тоа се регулира со Законот за сметководството на буџетите и буџетските корисници и соодветните правилници. Се води според системот на двојно сметководство, според посебен сметковен план, и во голема мера според Меѓународните сметководствени стандарди за јавниот сектор (МССЈС).
Главната цел е точна, целосна, навремена и транспарентна евиденција на приходите, расходите, средствата и обврските што се финансираат од јавни извори, како и подготовка на финансиски извештаи што овозможуваат контрола, ревизија и известување кон надлежните органи.
Аневски Партнерс поседува долгогодишна експертиза во областа на буџетското сметководство. На организациите и институциите им помагаме во:
- усогласување со законската и подзаконската регулатива,
- тренинг и едукација на вработените,
- воспоставување и унапредување на сметководствени системи и процедури,
- извештајно работење и контролинг,
- советување при избор на соодветен софтвер и практичен тренинг за негово користење.
Кои институции го следат?
Овој систем го применуваат:
- Буџетот на Република Северна Македонија,
- буџетите на единиците на локалната самоуправа (општините),
- фондовите,
- буџетските корисници (прва и втора линија),
- јавните установи и други правни лица чии средства за основна дејност претежно се обезбедуваат од буџетите.
Успешна реализација

Во изминатиот период Аневски Партнерс успешно ја изврши имплементацијата на политики и процедури за сметководствено работење кај Националната установа Центар за култура – Битола, како и воведување на современи алатки за евиденција и извештајно работење.
Отворени сме за соработка со сите јавни институции, општини, јавни установи и други буџетски корисници на кои им е потребна стручна поддршка во делот на консултации, контролинг, имплементација на системи и процедури, тренинзи и усогласување со прописите.
За повеќе информации и договор за средба – слободно контактирајте нè.