Аневски Партнерс повторно со гордост објавува нешто трајно! 😉

Ова е значаен чекор што ја потврдува нашата посветеност на покривање на повеќе области и нудење широк спектар на услуги со професионалност, надополнувајќи го нашето долгогодишно искуство и високите стандарди во заштитата на правата на интелектуална сопственост, трговски марки и слични средства. 🚀

Оваа лиценца овозможува стручна анализа, консултации и вештачење во следните области: проценка на вредноста на авторски права и сродни права, утврдување на штета од кршење на права од индустриска сопственост (како патенти, трговски марки, индустриски дизајни и географски ознаки), анализа на договори за пренос и лиценцирање на интелектуална сопственост, како и експертиза во спорови поврзани со нелојална конкуренција и трговски тајни.

Ние сме тука да ги заштитиме вашите права на интелектуална сопственост со посветеност и стручност.

Контакт е-пошта: elena@anevski-partners.com