Аневски Партнерс со гордост објавува нешто трајно! 😉
Нашиот партнер, Димитар Аневски, доби трајна лиценца за вештачење од Министерството за правда на Република Северна Македонија, во областа на економско, финансиско, материјално и сметководствено работење. 🏛️

Ова е трета последователна лиценца, која не само што ја потврдува нашата посветеност кон професионалноста, туку и го нагласува нашето долгогодишно искуство и високите стандарди во работата. 🚀

Оваа лиценца овозможува вештачење во следните области:

✔️ Ревизија на сметководствена документација и проверка на усогласеност со законската регулатива
✔️ Идентификација на сметководствени неправилности
✔️ Анализа на даночна дисциплина и евазија
✔️ Вештачење на пресметки за плати и надоместоци од работен однос (регрес К-15, јубилејни награди)
✔️ Анализа на должничко-доверителски односи (купопродажба, транспорт, услуги, закуп)
✔️ Пресметки за кредити, заеми и поврзани амортизациони планови и камати
✔️ Евалуација на тендери и проверка на исполнување на договорни обврски
✔️ Проценка на изгубени добивки или штета поради непочитување на договори (управители на згради, гарантирани откупи/цени, компензациони износи)
✔️ Анализа на сегашни и идни парични текови
✔️ Анализа на структурата и трошоците на капитал со дисконтирање на реална вредност
✔️ Детална анализа на финансиски извештаи и проценка на економска одржливост
✔️ Откривање на финансиски ризици и неправилности
✔️ Евалуација на залихи и оптимизација на материјални ресурси
✔️ Изработка на извештаи за судски и вонсудски постапки

Продолжуваме да бидеме ваш доверлив партнер, нудејќи стручни и сигурни услуги за нашите клиенти.
Ви благодариме за довербата и поддршката! 💼

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *