Нашите услуги

Ние обезбедуваме оптимални консултантски и други услуги за ваша поддршка

Современи финансиски услуги

  • Контролинг и извештаи
  • Буџетирање, планирање и следење
  • Персонален CFO
  • Фондови и инвестиции
  • ERP мапирање (GAAP & МСФИ)
  • Политики за трансферни цени
  • Паричен тек план и извештаи
  • Поддршка за ревизија / инспекција

БПО & Дополнителни услуги

  • Бизнис процес аутсорсинг БПО
  • Технички експерт за финансиски прашања
  • Вештачења од областа на финансии, економија, интелектуална сопственост
  • Инвестициски програми
  • Оптимизација на процеси
  • Банкарски и финансиски совети
  • Подготовки за државна помош и субвенции
  • Подготовки за јавни набавки – тендери

Нефинансиски услуги

  • Едукација
  • Обука и тренинг
  • Поддршка за старт ап компании
  • Основање / Регистрација на правни лица и статутарни измени
  • Вмрежување со професионалци
  • Одржливост и корпоративна општествена одговорност
  • ESG стандарди и известување (еколошки, социјални, управување)
  • Имплементација на стандарди
  • Процедури и упатства
  • Изнајмување на канцелариски простории

Одржлив пристап

Аневски Партнери како веќе воспоставена консалтинг фирма со солидна репутација за обезбедување висококвалитетни финансиски услуги, традиционално беше фокусирана на сметководство, финансии, даночната подготовка и усогласеност. Организацијата ја препозна потребата да се прилагоди на променливото деловно опкружување особено кон зголемениот фокус на одржливоста и корпоративната општествена одговорност (CSR).

Опсег на услуги

Проширувајќи го својот опсег со фокус кон одржливоста и заштита на природата, Аневски Партнери има за цел не само да ги подобри своите понуди на услуги, туку и позитивно да придонесе за животната средина и општеството. Овој стратешки потег е со цел да се привлече оној сегмент на клиенти кои даваат приоритет на одржливите практики, за кои сме уверени дека има растечки тренд, за да се позиционираме како напреден лидер во сметководствената фела. Преку овие напори, организацијата покрај целта за раст ќе игра клучна улога во промовирањето на одржливоста и заштитата на природната средина во деловната заедница.

  • Обезбедување услуги за мерење и анализа на јаглеродните отпечатоци на клиентите.
  • Развој на стратегии за намалување на емисиите и постигнување на јаглеродна неутралност, вклучително и препораки за енергетски ефикасни практики и опции за обновлива енергија.
  • Советување при имплементирање на критериумите за ESG во деловните стратегии.
  • Советување кон развој на политики кои промовираат управување со животната средина, општествена одговорност и транспарентни практики на управување.
  • Идентификување и проценка на ризиците поврзани со одржливоста и регулативите за животната средина.
  • Советување на клиентите за прашањата за усогласеност и потенцијалните обврски поврзани со влијанијата врз животната средина.
  • Едукативни програми и работилници за да им се помогне на клиентите да ја разберат важноста на одржливоста во нивното работење.
  • Обука на персоналот за најдобрите практики за известување за одржливост и усогласеност

Аневски Партнери има усвоено повеќеслоен бизнис модел за поддршка на пристапот за одржливост:

  • Партнерства за соработка

Формирање сојузи со консултанти за животна средина, правни експерти и организации фокусирани на одржливост за да им се обезбедат сеопфатни решенија на клиентите.

  • Технолошка интеграција

Користење на напредни софтверски алатки за аналитика на податоци, известување и следење на резултати за одржливост, што им олеснува на клиентите во менаџирањето на поставените цели за одржливост.

  • Ангажирање на заедницата

Активно учество во локалните иницијативи за одржливост и негување култура на општествена одговорност во рамките на организациите и нивните бази на клиенти.

Маркетиншкиот пристап се фокусира на:

  • Мисловно лидерство

Објавување “бели документи”, блог постови и студии на случај за трендовите на одржливост и најдобрите практики за да се позиционира Аневски Партнери како лидер во одржливи финансиски услуги.

  • Образование на клиентите и заедницата

Одржување вебинари и работилници за финансиските придобивки од одржливоста, прикажувајќи како може да ја подобри профитабилноста и репутацијата на брендот.

  • Кампањи на социјалните медиуми

Искористување на платформи како LinkedIn и X за споделување успешни примери поврзани со одржливоста