GREEN TECH PELAGONIA 2025/2026 – старт ап програма
Со големо задоволство, Аневски Партнерс оствари соработка во рамките на инспиративната старт ап програма GREEN TECH PELAGONIA 2025/2026.
Носител на програмата е Преда Плус фондација со поддршка на Европската банка за обнова и развој (EBRD), во рамките на програмата Advice for Small Businesses и CIF.
По три месеци интензивна работа, 10 стартап тимови беа подготвени да презентираат иновативни решенија во:
🌱 агротех 🌍 зелени технологии 💡 одржливо управување со ресурси
Секој тим одржа 5-минутна презентација (pitch) пред инвеститори, деловни претставници и клучни засегнати страни од екосистемот и сите имаа одлични идеи.

















Аневски Партнерс веќе повеќе од 25 години успешно обезбедува сметководствено-финансиски услуги, деловни консултации и поддршка при основање и развој на компании. Во последните години усвоивме повеќеслоен бизнис модел кој силно се фокусира на негување култура на општествена одговорност:
- Ангажирање во заедницата преку активно учество во локалните иницијативи за одржливост;
- Поддршка на пристапот кон одржливост во бизнис секторот;
- Поддршка на стартап иницијативи и млади претприемачи преку конкретна и практична помош во првите, најкритични чекори од нивниот пат.
Со оваа активност сакаме директно да придонесеме кон успехот на зелените старт ап тимови од Пелагонискиот регион, помагајќи им да го направат најважниот транзиционен период – од идеја до функционален бизнис – што поефикасен и поиздржлив.
Во таа насока, Аневски Партнерс како спонзор додели ваучери за сите учесници во програмата Green Tech Pelagonia 2025/2026, и тоа во следниве клучни области кои се круцијални за добар почеток на секој зелен старт-ап:
- Бесплатна помош при основање на компанија (избор на соодветна правна форма и подготовка на основачки документи за регистрација на компанија (ДООЕЛ, ДОО и сл.);
- Отворање на банкарски сметки (помош во комуникација со банките и подготовка на потребната документација);
- Сметководствено-финансиска поддршка за „првите чекори“ (поставување на основно сметководство, совети за буџетирање, финансиско планирање, усогласеност со регулативата за првата деловна година).
Им посакуваме на учесниците успешен развој на идеата и се надеваме дека Преда Плус фондацијата ќе продолжи со програмите за поддршка и развој на претприемништвото.
