Аневски Партнерс – експертиза во буџетско сметководство

Што е сметководство на буџети?

Сметководството на буџетите и буџетските корисници е посебен систем на водење сметководство кој се применува во јавниот сектор. Тоа се регулира со Законот за сметководството на буџетите и буџетските корисници и соодветните правилници. Се води според системот на двојно сметководство, според посебен сметковен план, и во голема мера според Меѓународните сметководствени стандарди за јавниот сектор (МССЈС).

Главната цел е точна, целосна, навремена и транспарентна евиденција на приходите, расходите, средствата и обврските што се финансираат од јавни извори, како и подготовка на финансиски извештаи што овозможуваат контрола, ревизија и известување кон надлежните органи.

  • усогласување со законската и подзаконската регулатива,
  • тренинг и едукација на вработените,
  • воспоставување и унапредување на сметководствени системи и процедури,
  • извештајно работење и контролинг,
  • советување при избор на соодветен софтвер и практичен тренинг за негово користење.

Кои институции го следат?

Овој систем го применуваат:

  • Буџетот на Република Северна Македонија,
  • буџетите на единиците на локалната самоуправа (општините),
  • фондовите,
  • буџетските корисници (прва и втора линија),
  • јавните установи и други правни лица чии средства за основна дејност претежно се обезбедуваат од буџетите.

Успешна реализација

Во изминатиот период Аневски Партнерс успешно ја изврши имплементацијата на политики и процедури за сметководствено работење кај Националната установа Центар за култура – Битола, како и воведување на современи алатки за евиденција и извештајно работење.

Отворени сме за соработка со сите јавни институции, општини, јавни установи и други буџетски корисници на кои им е потребна стручна поддршка во делот на консултации, контролинг, имплементација на системи и процедури, тренинзи и усогласување со прописите.

За повеќе информации и договор за средба – слободно контактирајте нè.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *